Македонија
28. јуни 2017 - 20:48

Трговските компании за алкохол бараат измени на законот за продажба и укинување на временското ограничување за продажба

Трговските компании за алкохол бараат измени на законот за продажба и укинување не временското ограничување за продажба. 
 
Барањата за измени на регулативите ги најавува Здружението на трговијата при Стопанската комора на Македонија, каде овие компании се членки.
 
Истовремено Компаниите ќе иницираат и укинување на одредбите поврзани со големите трошоци за добивање лиценца за продажба на алкохолните пијалаци, и физичкото одделување на алкохолните пијалаци. 
 
- Оценка е дека со овие одредби драстично ќе се дерегулира работењето на трговските компании, ќе се воспостави еднаквост на пазарот, ќе се намалат трошоците во секојдневното работење, а приливот во државниот буџет нема да се намали, поради поголемата потрошувачка. Компаниите, исто така, ќе иницираат измени и дополнувања и на повеќе други закони кои позначајно влијаат врз работењето на компаниите во областа на трговијата и нив да ги достават до соодветните министерства, со соодветни аргументирани образложенија, стои во образложението на иницијативата на Здружението. 
 
Сметаат дека дека освен оваа, потребни се повеќе иницијативи за измени и дополнувања на законската регулатива од областа на трговијата, во интерес на трговските компании, но и во интерес на потрошувачите и на државата. 
 
- Законските ограничувања создаваат можност за избегнување на примената на некои одредби, која предизвикува незаконско работење и појава на сива економија. Од девијантните појави, штета имаат и државата и компаниите што стриктно се придржуваат при примената на комплетната законска регулатива, посочуваат од Здружението.