Бизнис
12. May 2019 - 16:19

Трговците со нафтени деривати во вторник сами ќе ги формираат цените на горивата

Дали возачите уште утре ќе возат по стара цена на горивата, откако од вторник трговците сами ќе  утврдуваат колку ќе  чини  литар.  За цените граѓаните ќе можат да  дознаат само на бензиските станици.  Минатата недела престана да важи старата методологија за пресметка, а новата не се донесе, па поради тоа   наместо регулаторна, трговците со деривати имаат  обврска да ја утврдат цената на горивата. Од РКЕ се надеваат дека тие ќе бидат корекни и нема да предвизкаат ценовни шокови.

Трговците  ќе имаат простор само една недела по свои цени да ги продаваат бензисните и дизелот. Регулаторна очекува  до 20 мај да биде донесена новата методологија.  Потпис на измените во законот за енерегтика се очекува да стави новоизбраниот претседател Пендаровски.

Со новата регулатива се предвидува во цената на горивата да се пресметаат трошоците за набавка складирање и транспорт на дериватите до бензиските. Но повеќе нема да  ја има профитната маргина од 29 долари  по тон што државата и ја плаќање на ОКТА иако не произвеудваше.

Со новата методологија регулаторната комисија наместо ан две недели новата цена на горивата ќе ја утрвдува на седум дена.