Бизнис
14. јуни 2018 - 16:43

Трговците реагираат на казните од инспекциските служби, опомените останаа само празни ветувања

Прво опомени и рок за отстранување на неправилностите, а дури потоа казни за фирмите, апелираат од Сојузот на стопански комори. Компаниите се жалат дека во најголем број случаи, при вршење инспекциски надзор, се инсистира на пронаоѓање нерегуларности. Од ССК предлагаат практиката да се смени, а казната да биде последна опција.

Ваквиот пристап особено е значаен за малите и микро претпријатија. Тие немаат капацитет во континуитет да ги следат промените за потребната документација што треба да ја приложат при инспекциската контрола, објаснува Милошевски.

И покрај ветувањата од Владата дека ќе се намалат казните за деловните субјекти, такво нешто во пракса сèуште нема. Ниту бројот на инспекциски надзори не е намален,туку спротивното, велат од ССК.

Најмногу инспекциски надзори се вршат во секторите туризам и угостителство, текстилна индустрија и градежништво. А најмногу казни се изрекуваат од страна на УЈП, Државниот пазарен и Државниот трудов инспекторат.