Бизнис
27. September 2023 - 21:14

Трговците и натаму манипулираат со цените - инспекторите денеска затворија нови 5 маркети

Клуч на врата добија 5 маркети во Куманово, Кавадарци, Тетово и Гостивар. Не ја почитувале владината мерка и не ги поевтиниле производите. Овој пат не само  прехранбените, туку и  безалкохолните пијалоци и пивата, кои треба да поевтинат за најмалку 10 проценти во споредба со цената на 19 септемвриОние пак кои викендов беа затворени, од утре почнуваат со работа. Селекција нема да има- ќе се провeруваат и маркетите во секое село, најави директорот на Пазарен.

ДПИ ќе го посети и секое село каде има и мали трговци бидејќи до нас стигаат пријави од граѓаните. Она што се однесува околу мерката, главно големите синџири маркети ги исправија неправилностите и ја применуваат ’гарантираната цена’. Она што исто така е за пофалба е тоа дека одредени трговци излегоа и со дополнителни намалувања и на други производи“,изјави Горан Трајковски, директор на ДПИ.

Рафтовите за овошје и зеленчук во некои маркети се речиси празни. Наместо дома, трговците ги извезувале во регионот, а домашниот пазар им служел за резерва, констатира министерот за економија Бектеши. Ако продолжат со ваквата практика ги предупреди дека ќе ги укине увозните давачки, кои кај некои производоди достигнуваат до 65% од цената.

Во одредени држави има недостиг на овие производи и трговците наместо да го покриваат македонскиот пазар количините што се произведуваат за тука ги извезуваат“,„Ние не сакаме да субвенционираме граѓани на други држави. Тоа го правиме за нашите граѓани. Го правиме првично за земјоделците, а секако и за граѓаните и потрошувачите во нашата држава да имаат пониски цени од тие во регионот. А тие заради одредени профити, тука зборувам само за трговците на овошје и зеленчук, не зборувам за земјоделците, веднаш го применуваат најлесното за да добиваат поголеми цени“ – Крешник Бектеши, министер за економија.

Според анализите на министерството за економија, со замрзнување на цените на основните прехранбени производои секое домаќинство месечно во просек ќе заштеди по 2,000 денари Со намалување на цената на алкохолните и безалкохолни пријалоци пак, кој се применува од денеска, заштедите ќе достигнат до 2,500 денари. Мерката на замрнати цени ќе трае до крајот на ноември.