Македонија
6. October 2019 - 16:39

Тргнаа ли партиите во предизборна кампања без договор за предвремени избори?

Партиски карвани ја крстосуваат државата. Иако предвремените избори се засега само идеја на опозицијата, таборите на власта и опозицијата веќе на терен ги убедуваат граѓаните да им ја доверат поддршката. По најгплемите ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ денеска и ЛДП најавува своја теренска обиколка за обезбедување на гласови, иако не исклучуваат коалиција за изборите.

Либералдемократите иако посакуваат велат мали се шансите за една изборна единица, или пак, творнеи листи на парламентарни избори. Следни активности им се предлози за целосна легализација на марихуаната и субвенционирање на студентски оброк.

Карванот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ „Разговори за обнова на Македонија“ денеска беше во Илинден, каде што партијата има и свој градоначалник.

Партијата  на Мицкоски свои тимови има и во Македонски брод и Виница.

Неделно одмара карванот на владејачката СДСМ „На прав пат“, но затоа пак, тим предводен од партискиот секретар Љупчо Николовски утре ќе биде во Гевгелија.