Loading Video...
Свет
17. March 2018 - 20:49

Тргедија во македонско семјество во Канада - убиени мајка и две деца

Тројното убиство  се случило во домот на жртвите во градчетот Ајакс во близина на Торонто.  Двајца тинејџери, брат и сестра се убиени заедно со нивната мајка Красимира Пејчиновски.  На трите  тела имало видливо траги од удари, највероајнто предизивкани од тврд предмет. Полицијата се уште истражува како  и поради што  се извршени злосторствата за кои е  осомничен  29 годишниот Кори Фен.  Тој  е уапсен и треба да се појави на суд на 29 март.

 Фен бил во љубовна врска со 39 годишната Красимира, но не е татко  на убиените деца  15 годишниот Рој и 13 годишната Веналија. Таткото е Македонец, но неговиот идентитет не се открива.Тој и Красимира,  родена во Пловдив, Бугарија биле одамна разведени.  Нивното трето дете не било дома за време на инцидентот. Пријателите на Красимира  изјавиле дека таа сакала да ја прекине врската со Фен, за кој велат дека бил љубоморен  и проблематичен човек. Кори Фен во  2011 година бил осуден на 12 месеци условна казна за напад на полицаец.