Македонија
28. September 2016 - 19:18

Трезор: Прв случај на СЈО за економски криминал

Под кодно име “Трезор“, Специјалното Јавно Обвинителство отвори истрага по навидно сомнение за незаконски постапки при набавка на опрема за потребите на МВР.

Се товарат четири лица а под истрага е и фирмата која што од Велика Британија ја набавувала опремата за потребите на полицијата.

Од обвинителството на Јанева не ја спорат потребата на службите да набават ваква опрема а набавката е направена согласно членот 7 од законот за Јавни Набавки.

Како што беше соопштено на денешната прес конференција, истрага се базира на претпоставката дека осомничените наводно предизвикале буџетска штета.

 “Откако го договориле начинот, условите и цената за набавка на опремата, прво и второ осомничениот по враќањето во Македонија усно му наложиле на сведокот кој што е вработен во МВР да започне постапка за набавка од приватното лице Финзи ДООЕЛ Скопје“.

Сител од извори во МВР дознава дека во министерството гласно се говори за идентитетот на сведокот, кој во разговор на колеги им кажал дека во записникот од неговиот исказ никаде не стоело дека некој му наредил или наложил да направи било што. На своите колеги, сведокот им раскажал и дека додека го давал исказот обвинителите на Јанева постојано му се заканувале.