Живот
23. January 2019 - 21:31

Тревога во Сибир поради две петгодишни девојчиња: Излегле сами од градинка на -45 степени, сакале да ги изненадат родителите

Две петгодишни девојчиња незабележано побегнале од градинка во Сибир на 45 степени Целзиусови под нулата зошто сакале да дојдат дома и да ги изненадат родителите.

Овој случај, кој благодарение на Бога, не стана трагичен зошто девојчињата на време се пронајдени и спасени од смрзнување, се случил на 17 јануари во градинката „Тулукчан“ во селото Намци. Тој ден беше еден од најстудените денови во годината.

Безбедносните камери го снимија моментот кога девојчињата кришум побегнале од градинката. Едната од нив ја зела со себе и плишаната играчка, а другата немала ниту ракавици.

Едната мала бегалка, Лена моментално е во болница во Јакутск, зошто има смрзнатини на три прсти, објавија локалните медиуми.

Нејзината мајка Евдокија Кутукова забележала дека ќерката и исчезнала кога дошла по неа во градинка и видела дека и ја нема јакната.

Веднаш се кренала тревога и брзо е утврдено дека ја нема и најдобрата другарка на Лена, чие име не е објавено. Кутукова наведува дека тогаш и се јавил дедото и и рекол дека Лена само што стигнала дома, сама, смрзната и расплакана. Нејзиот маж навел дека на Лена некое непознато лице и дало шал кој и помогнал.

Другото девојче чие име не е соопштено, се изгубило на пат до дома и е пронајдено еден час подоцна. Таа доживеала состојба на хипотермија, но е пуштена дома кога ја прегледале докторите.

Во врска со случајот покрената е истрага.