Свет
21. November 2015 - 19:58

Тревога во Лондон поради украден автомобил со белгиски регистерски таблички

Украден автомобил БМВ со белгиски регистерски таблички денеска ја алармира полицијата во центарот на Лондон.

Во полициската акција уапсени се тројца мажи, а делот од градот каде се одвиваше акцијата беше целосно блокиран. Сообраќајот во тој дел од градот е нормализиран.

Во акцијата учествуваа и полициски хеликоптер, амбулантно и противпожарно возило.

Портпаролот на лондонската полиција изјави дека улиците биле блокирани бидејќи сомнителното возило било запрено на крстосница.

Полициската акција во Лондон уследи откако денеска Брисел е речиси целосно блокиран поради терористички закани. Во главниот град на Белгија во сила е највисоко ниво на опасност од терористички напади, една недела по терористичките напади во Париз, каде загинаа 130 луѓе.