Балкан
30. August 2016 - 9:31

Тревога на аеродромот на Крит поради авионска хаварија

На аеродромот „Никос Казанѕакис“ настанала тревога откако на пистата за полетување било забележано дека тече масло од авионот Боинг 737, кој патувал за Брисел. 

Причината за инцидентот е хаварија во хидрауликата.

Леталото било спречено да полета, а аеродромот бил затворен повеќе од еден час.