Бизнис
18. May 2020 - 16:54

Третиот пакет мерки за поддршка на економијата, реакции

Селективен и недоречен е третиот пакет мерки за помош на стопанството и граѓаните, велат дел од бизнисмените. Според Северозапдна комора, со мерките треба да се дозволи да се стимулира целокупната потрошувачка, а не само потрошуавчата на домашни производи, зашто над 70 проценти од продуктите се од увоз. Селективност гледаат и во мерката викенд без ДДВ, која најверојатно ќе почне да се применува од септември.  Сметаат дека не е доволна ниту помошта која е обезбедена  за приватниот сектор и одвоени се многу средства за дејности кои имаат мал процент на учество во вкупниот БДП.

Комората има забелешки за банките. Велат дека тие имале простор за да им излезат во пресрет и на фирмите и на граѓаните, но наместо тоа тие ги поскапиле своите производи.

Од владејачката СДСМ тврдат дека третиот пакет економски мерки е за нов развој, стимулирање на домашната економија, а поддршка ќе добие секој што има потреба.

Опозицијата, пак, обвинува дека со државни пари СДСМ ќе трча на избори и ќе врши поткуп на гласачи.

Вчера Владата го презентираше третиот пакет економски мерки за кои како што велат тежи 335 милиони евра , а ќе бидат опфатени 730 илјади граѓани. Мерки се уште не се усвоени.