Бизнис
19. October 2017 - 19:45

Третина од граѓаните не можат да си ги подмират ни основните потреби

Домаќинствата најмногу трошат за храна најмалку за своето здравје. Само една третина од населението може да ги задоволи основните  потреби за живот. Според последните податоци  на ССМ на едно четиричлено семејство за да го преживее месец септември му биле потребни 32.311 денари или над 500 евра. Најголем дел од  семејниот буџет или 41 процетн се троши на храна и пијалоци, а над 10 000 денари се потреби за домување кое ги опфаќа комуналиите и покуѓнината. Само 2 проценти од домашниот буџет или 670 денари се трошат за здравје. Според последните податоци на статистиката просечната нето плата во јули изнесувала 22.671 денар. Ако се направи споредба со вредноста на потрошувалката кошница тогаш на едно семејство му недосасуваат 9.640 денари или 156 евра за да ги задоволи основните потреби.

28 отсто од населението немаат пари ниту да ги покријат основните трошоци за  храна и пијалоци.

42 отсто од домаќинствата со платите успеваат само да ги платат сметките и да купат за јадење , 16 отсто ги задоволуваат сите потреби, а само 12 проценти откако ќе ги покријат основните трошоци можат да  заштедат од личниот доход.

Според анализите во Македонија над 40 процетни од населенито земаат плата до 12 илјади денари, 49 отсто од 12 илјади до 25 илјади денари. Само 8 отсто примаат над 25 илјади денари.

Најмногу заработуваат  во Скопскит регион, во североисточниот дома носат најмалку пари, во просек по 22. 200 денари, месечно. Повеќе од една петина на населението живее во сиромаштија.