Македонија
29. July 2017 - 9:10

Трети „Илинденски срцекази" на Демирхисарското културно лето

Во рамки на Демирхисарското културно лето, денеска во селото Растојца ќе се одржи третата манифестација „Илинденски срцекази" која оваа година ќе се фокусира на творештвото на автори од овој крај, меѓу кои има голем број писатели, сликари, музичари, актери.

Годинава на „Илинденски срцекази" ќе учествуваат и резервните воени старешини од Демир Хисар, а беседа за учеството во НОБ на овој револуционерен крај ќе одржи проф. д-р Менде Солунчевски. Со поезија и ликовни дела ќе се претстави Христо Петрески, а ќе биде отворена и изложба на скулптури во дрво од Благоја Секуловски.

Ќе бидат врачени и награди и признанија за особени достигнувања и придонес во културата и уметноста. Досегашни добитници се: Петар Мирчевски, Тони Чатлески, Раде Силјан, Санде Стојчевски, Јордан Ѓорчев, Кочо Топузовски, Панде Манојлов, Трајче Кацаров, Владимир Темков...