Македонија
25. March 2020 - 16:05

Трета жртва од корона вирус во Македонија

 

Починала жената заболена од коронавирус која на 7 март годинава од Дебар беше трансферирана на Инфективната клиника. Хоспитализиран е и нејзиниот сопруг.

Сопружниците беа дијагностицирани како позитивни на 6 март. Тие на 27 февруари во нашата земја пристигнале од Бреша, Северна Италија.

Првично беа стабилни, но на жената и се влоши здравствена состојба и беше поставена на респиратор. Таа е всушност третата жртва од коронавирус во Македонија.

Жената имаше 62 години.

Во изминатите 24 часа се регистрирани 29 нови случаи на коронавирус во земјата, вкупниот број заболени изнесува 177 лица.