Балкан
12. February 2019 - 12:32

Трета жртва на надрилекарот од Србија: На жена со метастази на коските и рекол дека лекарите се дебили и ја лечел со сирова храна

Зага Крстиќ од Белград е третата жртва на надрилекарот од Србија Мирољуб Петровиќ кој ги „лечеше“ нашиот Славчо Петров и Марјан Батовац од тумор на мозок и тумор на панкреас. Двајцата починаа.

На Крстиќ и бил дијагностициран тумор на црниот дроб и нејзиниот брат со други роднини ја одвел во болница, откако нејзината состојба се влошила додека се придржувала на советите на терапијата на шарлатанот Мирољуб.

Крстиќ дознала дека боледува од тумор на црниот дроб пред два месеци. Дотогаш немала симптоми, но кога отишла на преглед туморот метастазирал во коските. Роднините решиле да побараат помош од Петровиќ. Откако го контактирале, му ги испратиле и резултатите. Им одговорил дека лекарите се дебили и препорачал да ги купат неговите тревки.

Истата порака тој им ја има пратено и на Петров и на Батовац, кои ја загубија битката со рракот следејќи ги неговите упатства.

Ако немате пари за сите билки, земете чај за детоксикација имуно плус, црева, црн дроб…Ако одите на лекар, тие ќе ве навлечат на штетни лекови и терапии. Доволно е да направите анализа на крвта еднаш месечно им напишал надрилекарот во пораката.

Семејството на Тања решило да ги нарача билките од Петровиќ со цел да ја спасат жената. Освен првата порака, лечењето понатаму се одвивало по телефонски пат. Тој им објаснувал од каде да ги купат билките и чаевите за да се излечи ракот на коски. Надрилекарот гарантирал 100 отсто оздравување.

Три недели жената се „лечела“ со сокови, чаеви и билки по упатство на Петровиќ, нејзината состојба се повеќе се влошила. Почнала да одбива секаква храна, не можела да пие ниту вода. Повраќала крв и имала црна столица. Кога го контактирале надрилекарот тој им рекол: Па што чекате, водете ја во болница!