Трета средба Заев-Гаши, констатиран напредок - консултациите продолжуваат до крајот на неделава
Напредок во преговорите, но без конркетни кадровски решенија и без изјави е епилогот од третата средба на премиерот Зоран Заев и лидерот на Алтернатива Африм Гаши за влез на оваа партија во владејачкото мнозинство.
Напредок, според владинотот соопштение, е направен во дополнување на содржинскиот дел на владината програма. Биле разменети и идеи од двете страни за тоа како да се споделат одговорностите во институциите на централната власт.
„Се очекува до крајот на оваа недела да се остварат потребните консултации низ партиите и да се обезбеди потребното усогласување со цел постигнување договор за можна заедничка Влада која ќе се посвети на предизвиците кои доаѓаат од пандемијата и глобалната енергетска криза и која без заддршка ќе ги остварува зацртаните стратешки цели на Република Северна Македонија“, се вели во сопштението.
Коментарите се дека нова средба Заев – Гаши би можело да се очекува уште викендов.
Според лидерот на ВМРО-ДПМНЕ МИцкоски потегот на Гаши, кој до скоро беше во соработка со опозицијата, го смета за грешка.
Од Алијанса на Албанците пак, бараат Алтернатива да се изјасни што е со нивниот коалициски договор кој имал важност до следни парламентанри избори.
„Минимумот на коректност што го очекуваме од вас е да одговорите дали е валиден или не договорот потпишан меѓу Алијансата за Албанците и Алтернативата? Ако не, тогаш не ни останува ништо друго освен да ви посакаме успех во вашиот пат, кој за нас е погрешен и во целосна спротивност со вољата што го изразија граѓаните кои гласаа за коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернативите. Изразуваме жалење за разочарувањето што го предизвикавте на опозициските гласачи кои не поддржаа против оваа власт“, коментираат од партијата на Села.
-
Катерина Нешкова
Сите содржини од овој новинар