Кошарка
14. April 2017 - 0:19

Трета шампионска титула за Црвена Звезда во АБА лигата

 
 
Кошаркарите на белградска Црвена Звезда и по третпат во низа ја освоија шампионската титула во регионалната АБА лига. 
 
Црвено-белите го добија и третиот меч од финалето во регионалното натпреварување, откако вечерва во Загреб ја победија  Цедевита со 77-61.
 
Томсон со 14 поени беше најефикасниот играч во победничката екипа за која Симоновиќ постигна 13, а Волтерс 11. 
 
Со освојувањето на шампионскиот трофеј во АБА лигата, Црвена Звезда и следната сезона ќе игра во елитната Евролига, додека Цедевита заедно со полуфиналистите Будуќност и Партизан се стекнаа со право за настап во Еврокупот