Ракомет
9. April 2017 - 21:34

Трета СЕХА титула за Вардар

Ракометарите на Вардар по третпат во шест години го освојуваат пехарот во СЕХА лигата. Вечерва во финалето во Брест, Вардар го победи досегашниот првак Веспрем со 26:21 (11:11).

Веспрем со исклучок на водството од 1:0, немаше предност во ниту еден дел од натпреварот. Последен пат резултатот беше нерешен 17:17 во 43.минута. Вардарци имаа водство постојано, а во финишот таа предност изнесуваше и шест голови.
Најдобар на натпреварот беше голманот на Вардар Арпад Штербик со 12 одбрани.
Најефикасни беа Жоан Кањелас и Тимур Дибиров со по 5 голови.
Вардар титулата во СЕХА лигата ја освои претходно во 2012 година и 2014 година, а финале играше и во 2013 година и во 201б година.