Ракомет
4. October 2015 - 19:33

Трета победа за Вардар

Македонскиот ракометен шампион Вардар продолжува со извонредните настапи во ракометната Лига на шампиони, вечерва беше подобар од шведскиот шампион Кристијанштад со 30:25, полувреме 15:13 за Вардар.
 
Тоскиќ и Дибиров со по седум гола беа најефикасни во таборот на Вардар, пред Македа со пет и Душебаев и Шишкарев со по три погодоци. На голот Арпад Штербик забележа 19 успешни интервенции.
 
Црвено-црните следниот европски предизвик ќе го имаат следната сабота, кога во Скопје ќе го пречекаат германскиот вицепрвак Некар Левен.
 
Вардар е прв на табелата во групата Б со максимални 6 бодови, воедно Вардар е единствената екипа во Лигата на шампионите со три победи од три натпревари.