-->
-->
Трета победа на Македонија над БиХ
-->
Македонската ракометна селекција оствари победи во контролните дуели против БиХ. Синоќа на третиот дуел резултатот беше 32:30. На полувреме Македонија имаше водство од 17:13, а до победата стигна во финишот на дуелот.
Најпрецизни во нашиот табор беа Кирил Лазаров со 11 голови и Гоце Георгиевски со 7, додека кај БиХ Вегар постигна 5 голови.
До крајот на подготовките репрезентацијата ќе тренира денеска претпладне, а попладне и утре ќе имаат слободен ден за божикните празници. Следниот собир ќе биде на 8.јануари кога се очекува селекторот Лино Червар да продолжи да работи само со играчите кои ќе патуваат за Мец. Последните тренинзи во Скопје се предвидени за 9.јануари.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација
-
Претседателски избори 2024: Утре први гласаат членовите на ИО кои ќе ги спроведат изборите во дијаспората
-
Нови 46 случаи на голема кашлица од 12 до 18 април, хоспитализирани девет лица
-
ЕУ повикува сите актери на Блискиот Исток да работат на деескалација на тензиите
-
Во високообразовните установи работат 4 656 наставници и соработници
-
Светски ден на црниот дроб: Чувајте го, неговата улога е витална
-
Кривична пријава против двајца скопјани за кражба на сеф од маркет