Loading Video...
Спорт плус
4. January 2019 - 18:23

Трета победа на Кобијаши на турнејата „Четири Новогодишни скокалници“

Јапонецот Рјој Кобајаши ја оствари и трета победа на новогодишната ски-турнеја „Четири скокалници“ и веќе го осигура триумфот на ова престижно натпреварување.  
 
Кобајаши до триумфот во австрискиот Инсбрук стигна со скоковите од 136,5 и 131 метри, за кои собра најмногу бодови од судиите. Зад Јапонецот, заврши миленикот на домашната австриска публика  Штефан Крафт и Андреас Стјернен од Норвешка.
 
Последната станица од турнејата е в недела во Бишофсховен, а доколку  Јапонецот успее да триумфира и таму, тој ќе стане само третиот натпреварувач по Свен Ханавалд од Германија и Камил Штох од Полска, кој успеал да победи на сите четири скокалници.