Македонија
2. August 2016 - 8:59

Трета „Илинденска вечер во Елшани“

Третата културно-забавна манифестација „Илинденска вечер во Елшани“ вечер ќе се одржи во охридското село Елшани. Годинава ќе настапат културно-уметничкото друштво „Филиграни“ од Охрид и пејачот Спасен Силјаноски од Кичево.

- Со организацијата на вакви настани сакаме да ја збогатиме културната и туристичката понуда на Елшани, а истовремено да ги промовираме неговите посебни вредности пред гостите од Македонија и од целиот свет, информира Месната заедница на Елшани.

Манифестацијата „Илинденска вечер во Елшани“ е во спомен на двата Илиндена од 1903-та и 1944-та, кога активно биле вклучени многу елшански семејства. На овој датум се одбележува и верскиот празник и патрон на селото, Свети пророк Илија, чија слава ја чествува секое елшанско семејство. 

Во чест на верскиот празник Свети Илија ќе се служи и света божествена литургија, со која ќе чиноначалствува парохискиот свештеник отец Атанас Казанџиски.