Македонија
19. August 2019 - 12:21

Трета фаза превентивна дезинсекција во Демир Хисар

Центарот за јавно здравје-Битола денеска и утре ќе ја реализира третата фаза на превентивната систематска дезинсекција за уништување на комарците, согласно Законот за заштита на населението од заразни болести и препораките на Министерството за здравство, а врз основа на одлука на Советот на Општина Демир Хисар.

Запрашувањето ќе се врши во периодот од 19:00 до 02:00 часот, со апаратура за УЛВ ладно запрашување поставена на пикап-возило.

Со дезинсекцијата ќе бидат опфатени зелените површини во Општината, подрачјата по течението на реките и водотоците, застојни води и подрачјата околу каналниот систем на територијата на Општина Демир Хисар, урбани населби и локалитети предвидени во планот и програмата.

-Со информации за превентивната дезинсекција известени се и здруженијата на пчеларите, здравствените институции, локалната самоуправа и други институции, нагласуваат од ЈЗУ Центар за јавно здравје-Битола.