Македонија
6. July 2019 - 14:41

Трета акција на ДОМ за ослободување на дрвјата

Трета акција за ослободување на „заробените дрвја“ спроведе денеска зелената партија ДОМ.

Од ДОМ информираат дека во текот на овие три акции активистите на ДОМ успеале да ги ослободат заробените дрвја кај Дрводекор на Кејот 13 ноември. На акцијата се придружиле и граѓани случајни минувачи.

Целта на акцијата, како што соопштуваат од ДОМ, е да се поттикнат надлежните институции да се интензивира ослободувањето на дрвјата. Советниците на ДОМ од Градот Скопје и општините Кисела Вода и Аеродром веќе поднеле ваква иницијатива до советите.