Балкан
25. March 2020 - 9:27

Трет смртен случај од Ковид-19 во БиХ, во Црна Гора уште петмина заразени

Бројот на смртни случаи од новиот коронавирус во Босна и Херцеговина се зголеми на три.Директорката на Клиничкиот центар во Сараево Себија Изетбеговиќ објасни дека во Сараево се потврдени упте два случаја на заразени со вирусот и дека едно лице починало. Станува збор за стара жена која премолчела дека била во контакт со ќерката која била во Италија.Жената починала во Здравствениот дом во Илиџа, а на коронавирус е тестирана по смртта.

Вториот заразен е маж од општината Илиџа. Во БиХ има досега 166 лица заразени со Ковид-19. Црногорскиот Институт за јавно здравје, соопшти денеска дека коронавирус е потврден кај уште пет лица во таа држава. Досега има 52 лица инфицирани со тој вирус. Под санитарен надзор се 5.972 лица.