Македонија
12. April 2016 - 9:29

Трет Саем за високото образование во САД

Саем за високото образование во САД 2016 денеска ќе се одржи во Скопје во организација на американските катчиња во Македонија,  лоцирани во Скопје, Битола, Тетово и Штип заедно со центрите за образование во САД и со поддршка на Амбасадата на САД.
 
Во рамките на турнејата низ Југоисточна Европа за образование во САД, 14 претставници од американски колеџи и универзитети ќе ги посетат Љубљана, Загреб, Сараево, Подгорица, Белград, Скопје и Приштина.  
 
- Претставниците на високообразовните институции ќе се претстават на саемот во Скопје и ќе одговараат на прашања на студенти и родители во врска со академските програми за додипломски и постдипломски студии, како и за можностите за стипендии и финансиска помош, информираат организаторите. 
 
Оваа турнеја, како што се посочува, се организира по трет пат, по успехот во 2014, кога дојдоа повеќе од 2.000 посетители.