-->
-->
Трет Саем за високото образование во САД
-->
Саем за високото образование во САД 2016 денеска ќе се одржи во Скопје во организација на американските катчиња во Македонија, лоцирани во Скопје, Битола, Тетово и Штип заедно со центрите за образование во САД и со поддршка на Амбасадата на САД.
Во рамките на турнејата низ Југоисточна Европа за образование во САД, 14 претставници од американски колеџи и универзитети ќе ги посетат Љубљана, Загреб, Сараево, Подгорица, Белград, Скопје и Приштина.
- Претставниците на високообразовните институции ќе се претстават на саемот во Скопје и ќе одговараат на прашања на студенти и родители во врска со академските програми за додипломски и постдипломски студии, како и за можностите за стипендии и финансиска помош, информираат организаторите.
Оваа турнеја, како што се посочува, се организира по трет пат, по успехот во 2014, кога дојдоа повеќе од 2.000 посетители.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Руски воен репортер загина во Украина
-
Претрес во Свети Николе, пронајдена дрога
-
Пожари на диви депонии во Желино и Боговиње
-
Приведен дилер во Охрид, пронајдена дрога
-
Вучиќ-О'Брајан: Различни ставови по прашањата за Косово и Сребреница
-
Шест деца и тројца возрасни загинаа во израелски напад во Рафа
-
Во вторник предизборен молк
-
СПМ поднесе кривична против поранешниот министер за внатрешни работи и други три лица за несовесно работење