Трет повик за странски експерти во домашни компании
Македонските мали и средни компании до 29 јули годинава имаат можност да се пријават на третиот јавен повик за ангажирање странски експерти за домашни компании.
Од досегашните два огласа, како што информира вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев, услугата ја искористиле 96 компании, а анкетите покажуваат дека 78 отсто од нив се задоволни од странските експерти, а дури 90 отсто повторно би учествувале во проектот. Индикатор за успешноста на проектот, како што рече, е и просечната оценка од 4,55 од можната оценка од 1 до 5.
Анѓушев најави дека имаат намера македонските компании да ги изедначат со странските во делот на субвенционирање и оти ќе продолжат да ги поддржуваат сите проекти што придонесуваат за зголемување на конкурентноста на македонските компании.
Тој апелираше компаниите да ја искористат можноста што им се пружа за да се стекнат со драгоцени искуства на експерти од странство за подобрување на нивниот технолошки процес, организацијата на работа...
Ново на Сител
-
Во Југоистокот на државата запишани 1547 болни и изнемоштени лица
-
ВО ЖИВО: Подготовки во ДИК
-
Гласање во затвор „Идризово“, запишани 887 избирачи
-
Гласаат затворениците во Штип
-
Управен ја запре постапката за вработување на 130 кандидати за идни судии и јавни обвинители
-
ДСЗИ констатира незаконско работење на Токсикологија – лица без договор за работа давале здравствени услуги
-
Супервештачење за случајот Веапоска која остана без три органи
-
Ученикот кој претепа наставничка ќе биде префрлен во друго училиште