Кошарка
7. August 2017 - 9:51

Трет пораз на јуниорки на Европското првенство во Даблин

 Јуниорската женска репрезентација на Македонија, го претрпе и третиот пораз во Б дивизијата на Европското првенство за кошаркарки до 18 години што се одржува во Даблин, Ирска. 
 
Нашите млади кошаркарки во рамките од 3.коло на Д групата се поразени од нивните врснички од Велика Британија со 46:81 по четвртини 17-25, 8-13, 14-16 и 7-27.
 
Анамарија Шеќероска со 12 и Искра Андонова со 10 поени беа еднствените во нашиот тим со двоцифрен број на постигнати поени. 
 
Денеска е слободен ден на првенството, а кога на програмата се средбите од четвртото коло, нашите кошаркарки ќе играат против Словачка, а во последното коло од групата, во среда, за противник ќе ја имаат репрезентацијата на Молдавија.