Македонија
19. јуни 2019 - 12:23

Трет ден на жителите на Кисела Вода протестираат пред Центарот за зависници

Трет ден жителите со протест ги спречуваат зависниците да ја  земат својата  терапија во центарот во Кисела Вода. На овој начин граѓаните го изразуваат револтот кон министерот за здравство кој пред речиси една година вети но и до 5 мај најави дислокација на центаро но тоа не се случи. Последното дете кое се боцнало на искористена игла ја прелило чашата кај жителите.

-„Револтот за тортурите што ги доживуваме од зависниците, се предизвикуваат недолични работи. Остануваат по цел ден голи се боцкаат а нашите деца се принудени да ги гледаат сите тие работи. Само со придружба одат деца на училиште. Нападнати домови, МЗ во најкраток можен рок да го дислоцира центарот. Последното дете кога се боцна не предизвика повторно да почнеме со протести. Тоа беше мојата внука. Ако  не успееме овде продолжуваме понатаму. Министерот не не регистрира не е заинтересиран да го реши овој проблем.  “, Тасија Блажевска жител на Кисела Вода. 

Население се соочило повеќепати со грабежи а  биле нападнати деца и жени.

 „Колку е раширено, нас не ни сметаат зависниците туку начинот на кој ја примаат терапијата . До сега со градоначалникот сме збореле повеќе пати. но ова 9 месеци од последното ветување и потпишаа договор, Тони Саздовски жител на Кисела Вода. 

Градоначалникот заедно со советниците и невладините утрово се приклучија на протестот. Тој не разговарал со министерот за овој проблем но вели тука се да ги поттикнат институциите да гхо откочат процесот за изнаоѓање на решение.

Не соодветно место за бол,ницата да биде тука не е само проблем за граѓаните туку и за самите пациенти не е соодветна. Преголем бр на пациенти ја прави несоодветна за третман. Треба да се прифати да се најде решение за ситни пол поенти да не се прабвт протести во сите општини. Да се поттикнат инст да најдат начин како да с еоткочи процесот, изјави Филип Темелковски

Во истовреме додека граѓаните го блокираа влезот на центарот и пациентите беа во непосредна близина. Револтот и кај нив беше голем. Со полициски кордон беа одвоени двете групи бидејќи првиот ден настана инцидент кога пациентите се обиделе да се прекачат преку ограда за да дојдат до терапија во центарот.