Тренинг за менторки во рамки на проектот за (само)вработување на самохрани мајки
Обука за менторство и менторски процес на бизнис жени - идни менторки, ќе се одржи денеска во Скопје во рамки на проектот „Програма за (само)вработување на самохрани мајки“.
Проектот е финансиран од Европската унија, а го спроведува Здружението на бизнис жени во партнерство со Бизнис Конфедерација на Македонија и Институт за менаџмент поддршка.
Како што информираат организаторите, тренингот ќе се одржи во Канцеларијата за млади на Општина Центар - Скопје, а е наменет за жените, претприемачки и менаџерки, заинтересирани да се вклучат во менторскиот процес, како менторки.
- Содржините на обуката се насочени кон аспектите, знаењата и вештините потребни за успешно менторирање. Кон обуката, со присуство и презентација, како поддршка на проектните активности, ќе се приклучи и претставник на АВРМ, при што жените - идни менторки директно и во детали ќе бидат запознаени со тековните активности и мерки на АВРМ за (само)вработување, се наведува во соопштението.
Оваа обука е втора, од предвидените три, и е вовед во менторирањето на целната група на проектот, како составен дел од сеопфатниот проектен модел за поддршка на самохраните мајки, особено жртвите на семејно насилство. Има за цел да им помогне во изнаоѓањето и искористувањето на можностите за постојано вработување и/или самовработување, во соработка со општините, надлежните институции и бизнис секторот, преку соодветни инфо сесии, како и со испорака на бизнис и вокациски обуки и соодветен процес на менторирање, наведуваат организаторите.
Ново на Сител
-
Петмесечно бебе е вториот случај на голема кашлица во прилепско
-
Преглед на вестите од светот
-
Почнува кампањата за парламентарните избори - ВМРО-ДПМНЕ традиционално во Охрид
-
Караванот на СДСМ и коалиција почнува од ИЕ4
-
Специјализантите в понеделник во 5 до 12 ќе штрајкуваат пред Министерството за да ги види и слушне Демири
-
Мицкоски во Охрид на увид во градежни активности во 3 клучни проекти
-
СДСМ ја стартуваше кампањата – нема откажување додека Македонија не стане дел од ЕУ
-
ДУИ: По изборите Османи е шеф на државата, Села спикер, а Бугарите дел од Уставот