Џет-Сет
13. May 2016 - 9:20

Тренерот на Харис Џиновиќ искасапи пејачка

Александар Здравковиќ ми ја скриши градната коска и му го демолираше станот, вели Светлана Копривица (46) пејачка и поранешна учесничка во реалното шоу „Фарма“.

Светлана Копривица позната како Мис Светлана тврди дека е брутално претепена во својот стан во центарот на Белград.

Светлана вели за српски Курир дека Александар Здравковиќ, тенискиот тренер на Харис Џиновиќ и Миле Китиќ, и ја скришил градната коска, ја исекол по градите и и го демолирал станот и дека со години ја прогонува.

Потресената пејачка и водителска низ солзи раскажува што и се случило во средата попладне.

-Ми рече дека ќе поминам како Ксенија Пајчин, вели таа.

Здравковиќ е уапсен, а како што вели Светлана и претходно повеќе пати е апсен поради закани и напади врз неа.