Спорт плус
2. May 2018 - 10:23

Травица нов селектор на македонските одбојкари

Нашите најдобри одбојкари со нов селектор, Србинот Љубомир Травица ќе играат во квалификациите за следното ЕП и Европската лига која од оваа година се нарекува Сребрена лига. 

Травица доаѓа на местото на Драгутин Балтиќ како искусен тренер кој 14 години работеше во Италија, потоа во Олимпијакос, Асеко Полска, во Катар и последен пат во Шардари Урмиа, иранска екипа. Беше и селектор на селекцијата на Србија и Црна Гора од 2003-2006 година.

Македонија потоа во август ја очекуваат квалификациите за Европското првенство, што е примарна цел во 2018 година, а играме во група со Унгарија, Украина и Швајцарија.