Македонија
18. October 2017 - 10:20

Трауми кои тешко ќе ги заборави - мајка монструм од Охрид се иживувала врз својот син

Мајка од Охрид се изживувала со синот па заработи кривична. Се работи за 56-годишната Ф.Ѓ. која во семејната куќа го вознемирувала, го заклучувала и не му дозволувала слободно движење низ заедничките семејни простории на нејзиниот син, 34-годишниот В.Ѓ 

Таа му упатувала сериозни закани и ја загрозувала неговата сигурност со што му предизвикала чувство на страв и несигурност,  го малтретирала и му упатувала низа навредливи и заканителни зборови, информираат од СВР Охрид.

Поради тоа, на сега оштетениот В.Ѓ. значително му се влошила здравствената состојба и често барал  лекарска помош во Општа болница Охрид.