Македонија
22. September 2020 - 16:36

Транспортерите бараат олеснувања за транспортот

Оне стоп шоп не го реши целосно проблемот на превозниците со чекањето на границитe. Тие велат не е како порано, времето е намалено, но сепак кога има гужва камионите повеќе од еден час стојат на граница. Сметаат дека е најдобро меѓу земјите во регионот да нема никакви бариери како што е ситуацијата во  ЕУ.

Надлежните во земјава и претставниците од Цефта кои денеска беа на Табановце  најавија поволности и нови олеснувања, но и дека ќе се залагаат за воведување на оне стоп шоп систем и со европските земји.

Во време на пандемија системот еден период не работеше. Од безбеднони причини Србија одлучи да ги повлече своите луѓе од заедничкиот премин со Македонија. Сепак велат и во време на корона криза транспортот  на стоки не запрел, особено на лекови и медицинска опрема.

На граничниот премин Табановце денеска можеше да се забележат неколку превозници, а речиси и да немаше патнички возила затоа што за патување во Србија и за влез од таму во земјава  граѓаните треба да имаат негативен ПСР тест.

Освен со Србија до крајот на годината ќе се потпише и договор за оне стоп шоп систем и со Албанија.