Транспаренси: Македонија историски најлошо рангирана според индексот на корупција
Македонија е најлошо рангирана досега на индексот за корупција-покажува извештајот на Транспаренси Интеренешнл. Земјава бележи пад од 5 места во однос на лани и со тоа го зазеде 111 место заедно со Босна и Херцеговина, Панама и Монголија. Земјава заедно со БиХ се на дното во регионот според перцепцијата за корупција.
Ова рангирање е историски најлошо досега откако се мери во земјава, вели Слаѓана Тасева од македонското претставништво на Транспаренси Интернешнл.Таа додава дека земјава не покажува напредок во борбата против корупцијата.. Од регионот подобрувања бележи само Албанија со разлика од две позиции на ранг листата.
Највисоко рангирани на листата се: Данска, Нов Зеланд и Финска чиј индекс изнесува во просек околу 88 поени. На дното, државите Сомалија, Јужен Судан и Сирија кои едвај достигнуваат двоцифрен индекс од 10 до 13 поени.
Елена Милошевска
Ново на Сител
-
Ерупција на вулканот Пакаја во Гватемала
-
245 санкционирани возачи во Скопје, 39 за брзо возење, 35 без возачка
-
Струмичкиот карневал и годинава без големи манифестации
-
ВМРО-ДПМНЕ: Државава ја нема на листите на кои се гледа која земја колку вакцини има
-
СДСМ: Мицкоски реди порази, се распаднаа лагите, мнозинството е стабилно, се ниша само ВМРО-ДПМНЕ
-
Продолжува 34. собраниска седница
-
Земан побара вакцини против Ковид-19 од Кина
-
Клоп: Ако не се пласираме во ЛШ ќе имаме проблеми со трансферите