Фудбал
3. October 2018 - 13:35

Трансфер „мастерот“ на Јувентус му забива нож во грб - преминува во големиот ривал

На крајот на октомври му истекува договорот со клубот на спортскиот директор на Јувентус, Џуезепе Марота. Веќе е објавено дека соработката нема да биде продолжена.

Го повикаа од Наполи- одби. Се споменуваше преоѓање во Манчестер Јунајтед со Конте- ништо ниту од тоа.

Нов клуб на искусниот Марота ќе биде Интер, барем така тврди „Тутоспорт“. Тој веќе имал разговори со Стивен Жанг, кој во Милано ја претставува Санинг групацијата и начелно постигнале договор.

Марота беше на позицијата спортски директор во Јувентус минативе осум години и освои седум титули во Калчото по ред. Договорот му истекува на 25 октомври, а синоќа воопшто не беше на стадионот кога Старата дама со хет- трикот на Дибала го совлада Јанг Бојс во второто коло од Лигата на шампионите.

Инаку, Марота во годините минати во Јувентус стана еден од најдобрите ако не и најдобар трансфер работник на светот.