Живот
15. September 2015 - 12:10

Трамвајот да му ја затвори вратата пред нос, а тој еве што направи

Во Загреб во Хрватска еден граѓанин имал непријатно искуство трамвајот да му ја затвори вратата пред нос и не сакал да се помири со фактот дека нема да се вози со трамвај, па истрчал пред него и застанал на шините. Веројатно се надевал дека жената која управувала со трамвајот ќе попушти и ќе му ја отвори вратата.
 
Расправијата траела неколку минути.
 
„Видете, не мрдам од овде. Викнете полиција!", ѝ рекол на жената. Таа зела мобилен за да го фотографира, но тогаш се повлекол и ѝ се заблагодарил за вниманието.