Loading Video...
Балкан
12. November 2018 - 16:37

Трамвај излета од шините во Белград, загина пешак шестмина се повредени

Едно  лице загина а 6 се повредени во тешка сообраќајна несреќа во Белград. Според првичините информации несреќата ја предизвикал автомобил кој поминал на црвено и удрил во трамвај, при што трамвајот излетал од шините, удрил во дрво, усмртил пешак и запрел со удар во зграда.

Возачот на автомобилот и возачот на  трамвајот се тешко повредени.Четворица патници од трамвајот поминале со полесно повреди. Во тек е истрага за трагедијата.