Свет
25. May 2019 - 12:00

Трамп: Жалам за Меј – ја сакам многу

Врската на британската премиерка Тереза Меј и американскиот претседател Доналд Трамп имаше издигања, падови и уште повеќе падови во последните две години, пренесува „Индепендент“.
 
Трамп и го зари ножот во грбот, со изјавата за Брегзит „Јас би го направил тоа на поинаков начин“.
 
Додека таа ја напушти канцеларијата со плачење, Трамп со коментар за ситуацијата.
 
Пред новинарите одговарајќи на нивни прашања пред да замине за Јапонија, тој рекол дека ја жали.
 
– Жалам за Меј – ја сакам многу. Таа е добра жена, работеше макотрпно, многу е силна. Таа одлучи да направи нешто што изненади поединци, но некои не. За доброто на нејзината земја е – рекол тој.
 
Додал дека ќе се види со Меј за две недели, мислејќи на неговата посета во Велика Британија на 3 јуни.