Loading Video...
Свет
23. April 2020 - 12:17

Трамп забрани издавање зелена карта за имигрантите, поради пандемијата од Ковид-19

Американскиот претседател Доналд Трамп ја укина зелената карта, поради економските последици од корона вирусот во САД. Странските државјани кои сакаат да живеат во оваа земја, ема да добијат дозвола за престојот во следните два месеци. Трамп најави дека доколку е потребно, ќе ја продолжи забраната.

Но ваквиот потег на Трамп, наиде на бурни реакции кај Демократите. Реагираат дека целта на претседателот е да го одвлече вниманието на јавноста од лошото справување со пандемијата, но и обид за повторно да биде резибран на изборите во ноември.

Во меѓувреме прдолжуваат  протестите во САД, поради рестриктивните мерки. Демонстрантите реагираат дека мора да работат, за да преживеат,а не да седат дома.

Дваесетина држави што претставуваат 40 отсто од населението  најавија дека  прават планови и подготовки за безбедно да ги обноват своите економии во најскоро време.