Свет
9. November 2017 - 18:13

Трамп во Кина склучи договори вредни над 250 милијарди долари

 Американскиот претседател Доналд Трамп соопшти дека во Пекинг склучил „вртоглав број“ трговски договори со Кина, вредни повеќе од 250 милијарди долари.
 
Трговските договори, потпишани за време на првата посета на Трамп на Кина, беа најавени на средбата со неговиот колега Си Џинпинг.
 
Станува збор за договори за енергија, аеронаутика, прехранбени и електронски производи со американски компании како Боинг, Катерпилар, Џенерал Електрика, Квалком и други во износ од 253 милијарди долари.
 
Трамп изрази задоволство од склучените договори, а кинескиот министер за трговија Жонг Шанг оцени дека „лавината договори е вистинско чудо“.