Свет
31. July 2019 - 10:46

Трамп вети детално запознавање со случајот за наводното труење на Навални

Американскиот претседател Доналд Трамп вети дека детално ќе се запознае со случајот за наводното труење на рускиот опозициски лидер Алексеј Навални во казненото одделение на московската полиција, јави „Еј-Би-Си Њуз“.

Телевизијата на својот на Твитер налог објави краток фрагмент од интервју со Трамп во кој претседателот укажува дека дознал за случајот.

-Слушнав за тоа. Ова е најново, не знам (конкретно) за тоа, но ќе се запознаам, изјави Трамп.

Навални во неделата наутро од казненото оделение на московската полиција беше однесен в болница откако се појавија симптоми на алергиска реакција, за што подоцна лекарите утврдија дека е остра форма на сипаници со подуеност на вратот и лицето.

Лекарот на опозиционерот, Анастасија Васиљева, постави дијагноза „контактен дерматит“. Лекарот, кој го лечеше Навални во 2017 година после слична реакција откако опозиционерот беше нападнат со зелена течност, изјави дека во казненото оддление можело да биде испуштен некаков „хемиски реагенс“ од што е предизвикана алергиската реакција.

Навалани тврди дека никогаш не страдал од алергија. Смета дека најверојато е отруен од страна на полицајци во казненото одделение, но не исклучува и можност тоа да го сториле непознати лица со пристап во ќелијата.

Навални се наоѓа во 30-дневен притвор по обвинене за повторно прекршување на правилата за јавни собири. Тој е обвинет за повикување митинг пред зградата на Градското собраниe на Москва за протест поради блокада на регистрацијата за учество на независните кандидати на изборите за во градското собрание на Москва.