Loading Video...
Свет
19. јуни 2019 - 17:36

Трамп вети дека ќе најде лек за ракот и сидата ако победи во претседателската трка во 2020

Од Орландо,  американскиот претседател Доналд ТРамп официјално ја почна кампањата за негов реизбор во 2020 година. Демократската партија сака да  ја уништи нашата земја, но јас нема да го дозволам тоа  порача Трамп пред околу 20 000 приврзаници во центарот Амвеј. Тој порача и   дека доколку победи ќе биде пронајден лек против ракот и  сидата. Доналд ТРамп се очекува со сигурност да ја добие номинацијата за претседателски кандидат на Републиканската партија. Кај демократите се уште не е јасно кој би можел да биде кандидат. Досега се имаат пријавено 20 претенденти.