Трамп: Трката за Белата куќа сега може да почне уште од утре
Њујоршкиот милијардер Доналд Трамп, водечки претендент за кандидат на Републиканската партија за претседателските избори во САД, изјави дека сега, откако остана сам во изборниот процес, трката за Белата куќа би можела да почне уште од утре.
Неговата изјава доаѓа по повлекувањето на сенаторот од Тексас, Тед Круз и на гуверенерот од Охајо, Џон Кејсик, во еден ист ден, во само десетина часови, по завршувањето на прајмери изборите во Индијана, каде обајцата беа уверливо поразени од Трамп.
„Признавам, ова не го очекував и нивните повлекувања ме изненадија„- изјави Трамп во разговор за Си-Ен-Ен.
Доналд Трамп кој нема политичко искуство, затоа што не бил гуверенер, или во американскиот Конгрес, по повлекувањето на Круз и Кејсик, нема противиник во изборниот процес кај републиканците, па се очекува да ја добие и формално номинацијата на оваа партија.
Сите досегашни прогнози навестуваат дека во трката за претседател на САД, од Демократската партија ќе биде номинирана Хилари Клинтон.
Неколкумина високи републикански функционери изјави вчера дека иако остана сам во изборната трка, тие нема да го подржат Трамп на конвенцијата , додека други порачаа оти попрво би гласале за Клинтон, отколку да му го дадат својот глас на Трамп.
Тој меѓутоа, му порача на водството на партијата дека сега е време за единство и за обединување на сите сили, за да се спречат демократите да обезбедат уште една победа за себе.
Повикот за единство доаѓа по предвидувањата на дел од медиумите оти Републиканската партија се соочува со опасноста од длабока поделба околу тоа дали да се номинира Трамп за нејзин претседателски кандидат.
Во разговорот за Си-Ен-Ен милијардерот-политичар вели дека нема ништо против Џон Кејсик да биде негов кандидат за потпретседател на САД.
„Со Џон (Кејсик) имам добри односи и тој би можел да биде и потпретседателски кандидат, како што би бил и многу добар гувернер, доколку остане и натаму на оваа функција„- изјави Доналд Трамп.
Ново на Сител
-
Фатен малолетник со нож на Бит Пазар, поднесена пријава
-
Вардар ја засили дефанзивата со Словакот Михаил Пинтер
-
Забрана за движење на тешки товарни возила на патот Гостивар–Кичево преку Стража
-
Измамена Охриѓанка за 300.000 денари - И кажал дека има пари на сметка од Биткоин
-
Тригодишно дете од Куманово се затруло од таблети
-
Аеродромот во Тирана за единаесет месеци го користеле над 100 илјади македонски државјани
-
МНР: Ќе се зголемува процентот на амбасадори од редот на професионалните дипломати, мандатот ќе биде четири години
-
Ристески: Преку 100 производи ќе се најдат во новогодишната кошничка, инспекција ќе врши мониторинг