Свет
11. December 2016 - 18:22

Трамп треба да прифати дека Русија се вмешала во предизборната кампања за претседателските избори во САД, вели Џон Мекејн

Новоизбраниот претседател Доналд Трамп треба да прифати дека Русија се вмешала во предизборната кампања за претседателските избори во САД на 8 ноември, изјави сенаторот републиканец во интервју за Си-Би-Ес.

- Фактите се тука, рече Мекејн. Јасно е дека Русите извршиле хакерски напади во кампањата во 2016 година, додаде тој.

Сенаторот бара Конгресот да ја истражува руската интервенција во изборите во САД и смета дека кон ова прашање може да има двопартиски пристап.