Свет
8. October 2017 - 10:03

Трамп: Тилерсон би можел да биде поостар

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави синоќа дека има добри односи со државниот секретар Рекс Тилерсон, но смета дека Тилерсон би можел да биде „поостар“.

Трамп ја даде таа изјава на прес конференција во Белата куќа, но не прецизира на што мисли.

Ен-Би-Си Њуз пренесе оваа недела дека на седница со националниот тим за безбедност и официјални лица од Кабинетот на претседателот во Пентагон, Тилерсон отворено го критикувал Трамп и наводно го нарекол „морон“. Подоцна Тилерсон го демантираше медиумот.