Свет
10. March 2018 - 21:50

Трамп телефонски разговараше со Џинпинг и Макрон за Северна Кореја

Претседателот на САД Доналд Трамп денеска телефонски разговараше со кинескиот претседател Си Џинпинг за Северна Кореја.  

- Со кинескиот претседател Си Џинпинг долго зборувавме за средбата со Ким Јонг Ун од Северна Кореја. Претседателот Си ми рече дека го цени фактот што САД работат на дипломатско решавање на проблемот наместо да одат со заканувачка алтернатива. Кина продолжува да биде корисна, напиша Трамп на Твитер. 

Белата куќа денеска соопшти дека Трамп имал телефонски разговор и со францускиот претседател Емануел Макрон за Северна Кореја, но и за новите американски увозни давачки за метал.