Свет
18. August 2017 - 9:59

Трамп со нов твит го згрози светот

Американскиот претседател Доналд Трамп го осуди терористичкиот напад што Исламската држава синоќа го изврши во Барселона.

 

- Бидете цврсти и силни, ве сакаме, им порача на граѓаните на шпанскиот град.

Трамп потоа објави уште еден твит во кој е наведено: „Проучете што американскиот генерал Першинг им правеше на терористите кога ќе ги фатеше. Триесет и пет години потоа немаше радикален ислам, наведе американскиот претседател.

Генералот кој се прослави водејќи ги американските трупи во Европа во текот на Првата светска војна, наводно во почетокот на 20 век на Филипините фатил 50 терористи кои направиле голема штета и убиле многу луѓе. Според легендата тој ги закопувал со свињи, а пушките на своите војници ги наполнил со куршуми натопени со свинска крв. Не постојат историски докази дека тоа навистина се случило.

Трамп оваа приказна ја искористил во предизборната кампања како пример како треба да се постапува со „радикалните исламистички терористи“.

Во конкретниот случај, Трамп не ги спомена муслиманите, но кажа: „Цела работа е во свињите, ја знаете приказната, знаете дека не сакаат свинско. Исламот, имено, забранува конзумирање свинско“.