Свет
16. July 2018 - 14:22

Трамп со црвена вратоврска покажува моќ, а еве што Путин порачува со сината: Претседателите испратија силни пораки

Самитот на американскиот и рускиот претседател, Доналд Трамп и Владимир Путин се одржува  денеска во Финска. 
 
Путин на состанокот се појави речиси еден час подоцна, но тоа не е прв пат претседателот да доцни на состанкот. 
 
Освен говорот на телотот, претседателите со изборот на бојата на вратоврските испратија силна порака. 
 
Така Трамп се појави со вратоврска во црвена боја која претставива моќ и страст. 
 
Путин се одлучил за темна вратоврска - темно сина, која е како што се наведува погодна за сите прилики. 
 
Сината вратоврска секогаш е добра инвестиција бидејќи луѓето ги асоцира на небо и море и има смирувачко влијание.